Забранети собири на Шанзелизе и во повеќе други градови во Франција
Учесниците на утрешниот собир на „жолтите елеци“ во Париз, не ќе смеат да протестираат на Шанзелизе и на плоштадот кај Триумфалната порта, а во „забранетата зона“ се вклучени уште и Елисејската палата и француското Национално собрание, јави дописникот на МИА.
Ова забрана, што ја издаде Префектурата на Париз, доаѓа по насилство за време на демонстрациите на „жолтите елеци“ минатата недела.
– Постојат сериозни причини да се смета дека насилството и уништувањето, најверојатно ќе се повтори и за време на најавените собири, се вели во декретот потпишан од новиот префект на полицијата на Париз, Дидие Лалман, кој ја презеде функцијата во четвртокот.
Поради ова, според Префектурата, собирите на „жолтите елеци” ќе бидат забранети на Шанзелизе и на делови од 100 метри во споредните улици кои водат до авенијата, како и на плоштадот кај Триумфалната порта и околу Претседателството на Републиката и Националното собрание. Сообраќајот, исто така, ќе биде забранет во секторот на Елисејската палата од утре во 6 часот.
– Секое прекршувањето на овие одредби ќе биде санкционирано со парична казна за учество во неовластени демонстрации, предупреди Префектурата. Не почитувањето на забраната секој учесник може да го чини 135 евра. Досега казната за ова дело беше само 38 евра.
Во „забранетата зона“ ќе биде забрането користење на секакви пиротехнички средства и носење на опасни супстанции.
– Надвор од овие зони, може слободно да се остварува правото на протести, што е основна слобода. Но, секој собир на кој ќе има проблеми, веднаш ќе биде растурен, вели префектурата.
Протести се забранети и во повеќе други француски градови, како Тулуз, Бордо и Мец.
Ново на Сител
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови