Свет
28. јуни 2022 - 11:56

Забранет влез во Русија и за сопругата и ќерката на Бајден

Русија ја прошири листата со американски имиња, чие влегување во земјата не е дозволено, а на неа се најдоа и сопругата и ќерката на претседателот на САД, Џо Бајден.

Како што истакна руското Министерство за надворешни работи, овој потег е „одговор на американските санкции против руски политички и јавни личности, што се прошируваат постојано“.