Забраната за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот
Од денеска до март годинава, Градот Скопје воведува забрана за достава на стока во потесното градско подрачје во период од 7:30 до 18 часот.
Ова е една од 15-те итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух што ги презема Градот Скопје.
Одлуката се однесува за запирање за доставување стока во наведениот период, а не се однесува на движењето на возилата што ја доставуваат. Дополнително, оваа забрана не се однесува на фирмите што имаат сопствен простор за доставување стока, туку само за оние што за доставата користат улица или тротоар.
Се проценува дека 4.000 возила дневно дистрибуираат стока во централното градско подрачје.
Станува збор за мерка со која се очекува дека ќе се придонесе за намалување на застојот во сообраќајот, а со тоа и намалување на количеството на штетните гасови што се ослободуваат за тоа време.
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија