Забрана за влез и кривични за учесниците кои се исмеваа со Црквата на „Европрајдот“ во Белград
Министерот за внатрешни работи Александар Вулин најави дека денеска или утре ќе поднесе кривична пријава против дел од учесниците на манифестацијата „Европрајд“ во Белград, а на одреден број лица ќе им издаде забрана за влез во Србија.
„Дали сте го виделе однесувањето на некои од учесниците на геј парадата? Го видовте ли оној како ги соблекува панталоните пред црквата? Се надевам дека денеска, евентуално утре, ќе поднесеме кривична пријава против некои од нив, бидејќи ќе издадеме и забрана за влез на одреден број лица“, изјави Вулин при посетата на ТВ Пинк, пренесе Танјуг.
Зборувајќи за тоа што известувачот на Европскиот парламент, Владимир Билчик, учествувал на Европрајд и повикал на негово одржување и покрај првичната забрана од полицијата, Вулин оценува дека тоа „воопшто не било политички пријатно“.
„Ако одам во Германија, Словачка или во која било друга земја и кажам ‘таа одлука на надлежните органи не ви е најдобра, ќе дојдам на тој собир што го забранивте’, не сум сигурен дека ќе ме пуштат во земјата“, рече тој.
Според него, поединци барале Билчик да биде уапсен поради тоа, но Вулин посочува дека има дипломатски имунитет, а Србија е земја која ги почитува сопствените и меѓународните закони.
„Кога имате дипломатски имунитет, можете да бидете уапсени доколку ве фатат во извршување на кривично дело за кое се гони по службена должност за казна над пет години. Да бидеме реални, така функционира и не може поинаку“, рече министерот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација