Македонија
6. January 2017 - 19:46

Забрана за камиони на Стража, Маврово и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, а во западниот дел наместа со остатоци од снег по нашата интервенција. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово и Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.

Оттаму потсетуваат дека во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот