Македонија
16. January 2016 - 16:57

Забрана за камиони на превојот Ѓавато и патот Струга - ГП „Ќафасан“

Поради снежните врнежи забрана за тешки товарни возила превентивно се воведува на планискиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно забрана за камиони беше воведена и на патните правци крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка, а превентивно и на патот Крива Паланка - граничен премин Деве Баир и планинскиот превој Пресека. Во сила е и забраната за автобуси на патот Тетово - Попова Шапка.

За останатите возила е задолжителна зимска опрема.