Македонија
17. January 2017 - 20:12

Забрана за камиони на Плетвар и Стража, сообраќајот по влажни коловози

На патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража во 19.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Претходно, од 18.30 часот, забрана за движење за тешки товарни возила беше воведена и на патниот правец Кавадарци - Прилеп преку планинскиот превој Плетвар. 

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег. 

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.