Македонија
14. December 2024 - 14:47

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража

Од 14:10 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на  патниот правец Гостивар –Кичево преку планинскиот премин Стража.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, забраната се воведува од превентивни причини.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот.