Македонија
20. December 2017 - 9:47

Забрана за достава на стока од 7.30 до 18 часот во Скопје

 Забрана за доставување стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1 декември до 31 март на потесното градско подрачје со цел намалување на загадувањето, донесе вчера Советот на град Скопје.

Од Град Скопје информираат дека согласно Одлуката за организирање и дефинирање на условите, доставување на стока ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.

Одлука е предвидена и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот“ од 15.12.2017 од страна на Владата на Република Македонија. 

Град Скопје ги информира сите засегнати страни дека Секторот за сообраќај ќе изврши усогласување на издадените одобренија – повлекување и издавање на нови одобренија во согласност со одредбите од одлуката.

Одлука влегува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“