Живот
16. July 2015 - 21:45

Заборавете на пеглата за коса - Резултатите од овие третмани ќе ве воодушеват!

Ефект на рамна и сјајна коса можете да постигнете и без агресивни третмани, а сите потребни намирници ги имате во кујната.
 
Трајното пеглање на косата со хемикалии, како и користењето на пегла, ја оштетува косата и ја прави слаба. Ист ефект на рамна и сјајна коса можете да постигнете и без агресивни третмани.
 
Вотка
 
Славната манекенка Ева Херцигова ја користи за просветлување, а вотката е подеднакво добра и за исправување на косата. Доволно е да ја помешате со регенератор и да ја нанесете на косата. Ниската pH вредност ги исправува кутикулите и ја „пегла“ косата. Но не се препорачува да се користи често, бидејќи може да ја исуши косата.
 
Кокосово масло
 
Ова е најадекватно за благо навиткана коса, а доволно е да го нанесете на мокра коса. Косата треба да ја исчешлате и исушите.
 
Целер
 
Во блендер измешајте еден целер и додадете малку вода. Добиената мешавина ставете ја во шишенце со прскалка, нанесете на косата и оставете да делува 15-20 минути. После тоа измијте ја со шампон.
 
Банана и папаја
 
Со помош на банана и папаја ќе ја исправите косата, ќе ја нахраните и ќе го спречите виткањето. Најдобро е да помешате една зрела банана, папаја и две лажички мед и сето тоа да го нанесете на косата. Откако косата целосно ќе се исуши, треба да ја измиете и да ја исушите.