Забава за децата со нетипичен развој во МКЦ
Платформата „Аутизам.Мк“ во соработка со Детскиот културен центар (ДКЦ) организира роденденска забава на која децата со нетипичен развој ќе бидат главни гости.
Забавата ќе се одржи на пладне во ДКЦ, во рамки на Младинскиот културен центар (МКЦ), а поканети се сите деца со посебни потреби, нивните родители/старатели, како и останатите граѓани кои сакаат искуство повеќе.
Забавата предвидува јога и зумба за децата со нетипичен развој, работилници за арт терапија, терапија со звуци, вежби за градење тимови и други активности, а ќе биде искористена како најава за новиот проект „Инклузија Плус” за адаптација, приспособување и унапредување на културните, угостителските и другите објекти од јавен карактер за прифаќање лица со нетипичен развој и нивна вистинска инклузија во секојдневниот културно-забавен живот. .
На настанот, родителите ќе можат да се советуваат со психолог кој работи со семејства со деца со нетипичен развој.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите