За Законот за јазиците ќе се расправа во комплетен собраниски состав
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ најавија враќање во собраниските клупи. Тие со амандмани ќе го подобруваат Законот за јазици, а откако повторно ќе биде изгласан ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што добиените забелешки ќе бидат вградени во законот.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вчера го повтори владиниот став дека Законот е во согласност со Уставот на државата и оти е изгласан во демократска атмосфера, со поддршка од мнозинството пратеници.
– Владата на 4 август 2017 година донесе заклучок дека Законот по усвојување во Собранието ќе оди цел на мислење до Венецијанската комисија, а кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и политичка волја сите забелешки и мислења на Венецијанската Комисија ќе бидат имплементирани во истиот закон, рече Бошњаковски.
Тој повтори дека сумата за имплементација на Законот е 106 милиони денари и дека не се предвидени дополнителни трошоци ниту нови работувања туку ќе се користат постојните вработени во државната администрација. Законот откако ќе почне да се применува ќе биде направена дополнителна анализа.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се враќаат во парламентот поради инатењето на предлагачите кои, според нив, на сила сакаат да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност кој е на штета на Република Македонија.
– Затоа ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе сторат се што е во наша моќ за да се спречи ваквата деструктивна политика. Пратеничката група ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го превенира донесувањето на неуставниот закон, соопштија од партијата.
Законот за употреба на јазиците беше донесен на 15 јануари од парламентарното мнозинство во отсуство на опозијата. Претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за негово прогласување туку го врати назад во Собранието со забелешки на текстот на законот образложени на 14 страници. Законот повторно ќе биде ставен на гласање пред пратениците на 29 јануари.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање