„За заедничка Македонија“ со масовни протести на 54-от ден – денес е денот кога ќе го соопштат нивниот план
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денес, 54-ти ден по ред одржува масовен собир во Скопје. Голем број граѓани се одзваа на повикот на граѓанската иницијатива и се приклучија на маршот по патеката на државноста, од Владата до Собранието, каде „За заедничка Македонија“ денес ќе го соопштат нивниот план и идни чекори.
-Живееме во времиња кога се пишува историја. Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во историјата. Тоа не прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска! И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Години од сега секој од вас на вашите поколенија може со гордост да каже, ДА јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата. Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани кои не поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот!!!, порачуваат од граѓанската иницијатива.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово