-->
-->
ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Сите граѓани кои си ја сакаат државата денеска во 17 часот да излезат пред Влада
-->
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува и денес со мирниот протест.
Тие ги повикуваат сите граѓани кои си ја сакаат државата денеска во 17 часот да излезат пред Влада на Р.Македонија за да го искажат својот револт против албанската платформа, воведување на двојазичност, промена на химната, знамето и грбот на Р. Македонија.
Граѓанскиот мирен протест ќе започне пред Владата на РМ, а потоа ќе продолжи пред Собранието.
-Верувавме во македонскиот народ, веруваме дека кога се работи за основните човекови права и интереси ќе се приклучат во огромен број. Верувам дека во понеделник, утре во 17 часот продолжуваме во уште поголем број и тоа ќе го правиме се додека нашите барања не бидат исполнети, истакна вчера Игор Дурловски еден од организаторите на иницијативата.
Богдан Илиевски пак, ги повика граѓаните на масовна поддршка.
-Верувам дека со несмален интензитет се повеќе ќе растеме, бидејќи секојдневно се приклучуваат се повеќе и повеќе луѓе на оваа иницијатива, рече Илиевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид