„За заедничка Македонија“ повикува на голем народен собир- денеска е денот кога ќе го соопштат нивниот план
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук ги повикува сите граѓани, денеска (21.4.2017) масовно да излезат на улиците ширум Македонија. Од иницијативата велат дека петок е денот кога ќе го соопштат нивниот план.
-Живееме во времиња кога се пишува историја.Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во историјата. Тоа не прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска! И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Години од сега секој од вас на вашите поколенија може со гордост да каже, ДА јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата. Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани кои не поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот!!!, порачуваат од граѓанската иницијатива.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти