Македонија
7. April 2017 - 18:14

„За заедничка Македонија“: Мора да продолжиме силно, колку што треба, до кога и да треба!

Денеска ги имаме црвено-жолтите ракавици за да им кажеме и симболично „СТОП“ на сите кои се обидуваат Македонија да ја качат на Тиранска платформа. Тоа нема да го дозволиме, порача на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата.

Тој вели дека наредната недела ќе биде клучна.

– Мора да продолжиме така, фокусирано и без опуштање, да не има што повеќе и повеќе секој еден ден, особено наредната недела, која ќе е клучна, истакна Илиевски.

dva

Посочи и дека Граѓанската иницијатива со досегашните протести донела промени.

– Ја завршуваме 6тата недела и одиме уште јако, уште појако, колку што треба, до кога и да треба. Нема опуштање! Променивме работи, да знаете. Ние донесовме промена, посочи Илиевски.