Македонија
4. August 2017 - 12:03

За време на викендот многу топло, до 42 степена

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени, соопшти УХМР.

Најтопло се очекува да биде за време на викендот, кога максималната температура во земјава ќе достигне и 42 степена. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и натаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Според прогнозираните температури во наредните денови повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.