Балкан
1. January 2023 - 8:26

За време на новогодишната ноќ потона познатиот белградски сплав | ФОТО

 Фото Нова.рс

На новогодишната прослава на сплавот „Фристајлер“ во Белград се случил инцидент, како што се гледа на фотографиите од порталот Нова.рс сплавот потонал.

На местото биле испратени две екипи на Брзата помош, пишува порталот Нова.рс.

Како што може да се види од сликите пола од сплавот потонал, а како што пренесуваат дел од српските медиуми за време на инцидентот луѓето кои биле внатре панично бегале.