Свет
9. February 2021 - 8:56

За влез во Велика Британија задолжителен е карантин и два теста

Сите патниците кои од денеска ќе пристигнат во Велика Британија ќе мора да бидат тестирани на Ковид-19 вториот и осмиот ден, јавија британските медиуми.

Правилото ќе важи за сите патници, а не само за тие што пристигнуваат од земјите во црвена зона, како и за тие што ќе бидат во хотелски и во домашен карантин.

Претходно, британската Влада соопшти дека лицата кои од 15 февруари ќе пристигнат во земјата од државите кои се на црвената листа ќе мора да бидат сместени во хотелски карантин. Тоа се однесува на патниците од Јужна Африка и од јужноамериканските држави.