Македонија
13. September 2019 - 16:06

За власта преземањето на предметите е гаранција за постапките, за опозицијата е потег кој води кон анархија

Трансферот на предметите на СЈО во Јавното обвинителство обезбедува иднина за судските процеси, вели министерката за правда. Дескоска е децидна дека по овој чекор, Законот за јавно обвинителство повеќе не е неопходен за продолжување на работата на Специјалното обвинителство, но е важен за исполнување на реформаската агенда. Во пресрет на одлуката на Евроспакта унија за отпочнување на пристапните преговори, Дескоска апелира пратениците да ги стават државните пред партиските интереси.

Според опозицијата одлуката на Јавното обвинителство да постапи до барање на осомничено и притворено лице е тежок преседан кој може да доведе до анархија. ВМРО-ДПМНЕ бара овие предмети да завршат во рацете на како пто велат професионални и незаисни обвинители.

Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени.

Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно.

За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи. Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРо-ДПМНЕ

Во меѓувреме продолжуваат консултациите за Законот за јавното обвинителство. она што било договоровено на лидерсаката средба Дескоска вели дека е вметнатно во нивното законско решение кое во текот на денешниот ден ќе биде доставено и до опозициската партија.