Македонија
7. July 2017 - 13:38

За викендот топло, од четврток пад на температурата

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе биде сончево и топло, а веќе од четврток синоптичарите најавуваат пад на температурите за околу пет степени.

До четврток под влијание на топла воздушна маса во Македонија ќе преовладува топло време со максимални температури до 39-тиот степен, а во вторник и среда се очекува температурата да достигне до 40-тиот степен. Во овие денови во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дож и ретки грмежи во планинските предели.

Од четврток се очекува промена на времето и засилен северен ветер.