-->
-->
За викендот дневната температура во пораст, од понеделник нестабилно и ветровито
-->
За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен на почетокот на следната седмица.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од два до 23 степени.
В понеделник ќе има зголемување на облачноста, во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.
Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година