Македонија
23. September 2022 - 11:58

За викендот дневната температура во пораст, од понеделник нестабилно и ветровито

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен на почетокот на следната седмица.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од два до 23 степени.

В понеделник ќе има зголемување на облачноста, во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.

Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.