Македонија
4. November 2015 - 16:59

За три месеци од шверцери запленети 3000 лекови

Спречен голем шверц на лекови за пореметување на мозочната циркулација во патничка торба на Деве Баир. Над 10 илјади парчиња таблети АМИНАЛОН се запленети при синоќешната проверка на царината. Лековите се пронајдени во торби и куфери на македонски државјанин кој се враќал од Софија. Патникот бил во автобус кој сообраќал на редовна линија Софија – Скопје. Таблетите се предадени на агенцијата за управување со одземен имот за да бидат уништени. Против прекршителите за криумчарење на лекови е отпочната постапка.

Само во последните три месеци Царина спречила шверц на околу 2 750 пакувања лекови и медицински препарати. На 6 октомври на граничниот  премин Блаце е спречено нелегален увоз  на 2470 парчиња. Лековие биле пронајдени во косовски автомобил. Двајца државјани на Косово се обиделе да шверцуваат   лекови за срце, мозок , вени разни видови на таблети па дури и лекови за вирусни инфекции. Пртходно германски државјанн со регулиран престој во СКопје преку Табановце, се обидел да пренесе 68 кутии со лекови, за што беше поднесена кривична пријава. Германецот ќе одговара за обидот да шверцува хомеопатски лекови. Во октомври бил спречен обидот на македонец на црно да внесе во државата   100 паковски таблети кои се користат како додаток за исхрана. 

Во август и септември откриени се уште три обиди за криумчарење лекови на граничните премини.  

Покрај шверцот на лекови со автомобил , царината заплени и пратка од 765 парчиња различни лекови на скопскиот Аеродром. Пратката од Индија  била пријавена за стоково царинење од страна на приватна фирма од Скопје.