Свет
4. January 2018 - 14:43

За Трамп можните разговори меѓу двете Кореи се „добра работа“

 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека евентуални разговори меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја се „добра работа“, но истакна дека тие се резултат на неговата цврстина кон Пјонгјанг.

- Со сите овие неуспешни „експерти“ кои се вклучени, дали некој навистина верува дека разговорите и дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја ќе се одржеа токму сега, ако јас не бев цврст, силен и подготвен да ја ангажирам нашата целосна „моќ“ против Северот. Будали, но разговорите се добра работа , напиша Трамп на Твитер.