Балкан
4. May 2018 - 18:11

За Тито немаше спас, јас го исклучив од апаратите: Лекарот ги открива последните денови на маршалот - ова беше најголемата тајна на СФРЈ

Умре на денешен ден во 15.05 часот. Тито на апарати бил 68 дена. Храна добивал преку инфузија, доктор Предраг Лалевиќ го исклучил од апаратите кои го одржувале во живот. 
 
- Ни на шала не може да се рече дека сум го убил. Десет минути пред тоа беше мртов. Му немаше спас. Јас го исклучив од апаратите кои го одржуваа во животот, изјавил некогаш Предраг, член на лекарскиот конзулијар на Тито, кој цели 16 години му бил личен доктор на Маршалот. 
 
Тито на вештачко дишење бил  последните 68 дена. Храна добивал преку инфузија. По неколку години, во една германска болница, Лалевиќ проговорил дека мртов со денови го држеле на апарати. 
 
- Мозокот му беше жив и тоа беше медицинско оправдување зошто се до тогаш не го тргнав од апаратите, рекол тој. Меѓутоа, тоа не била единствената причина.
 
Почнала борбата за власт
 
- Државниот врв е важен не само секој ден, туку и секој час, рекол лекарот на Тито. 
 
Во тоа време политичката ситуација беше тешка и комплицирана. Имаше борба за власт, Долнец еден од највлијателните луѓе во југословенската политика во тие 70. и 80-тите години, во позадина создаваше атмосфера на страв. Додека Тито уште беше во живот, се проширија гласнини како од Бугарија, во три колони, руски тенкови се пробиваат на бугарско- југословенската граница. 
 
Упорно одбивал ампутација
 
Како Тито реагирал кога дознал дека ампутацијата би му го продолжила животот, Лалевиќ вели: 
 
- Откако стигнавме во Љубљјана, отидовме право во Клиничкиот центар и направивме снимика на артеријата на левата нога. Бидејќи ситуацијата на артериите беше лоша, му предложивме на претседателот операција што тој ја одби. Ние тогаш имавме консултации со професори од САД и Москва. Тие предложија операција т.е ампутација.  а ако тој не се согласи на тоа, ни оставија еден предлог  за пресадување на крвен сад, но со многу мали шанси за успех.  Оваа операција како и што се очекуваше, не успеа, а тој и понатаму ја одбиваше ампутацијата. Откако ја виде својата потколеница која беше сина со големи пликови на кожата, рече: „ правете што треба“, се присетува доктор Предраг Лалевиќ. 
Брзо го примија во сала и направија ампутација на ногата. 
 
- Операцијата помина без инцидент и тој почна да прима посети на интензивната нега. Го посетија и синовите Жарко и Миша. Веќе почнавме да размислуваме да заминеме на Брдо, кога почнаа компликациите. Најпрво со бубрезите, а потоа и со другите. Претседателот беше на апарати 68 дена. Ако предвидуваме колку можеше да живее доколку веднаш се согласеше на ампутација тоа би било само шпекулација. Темата смрт никогаш не беше спомената во неговите разговори, освен што кога ја одбиваше операцијата рече: „јас доле, покажувајќи со прс надолу, одам само како едно  парче“, раскажал докторот. 
 
Посебна исхрана пред смртта
 
- Тито пред смртта јадел храна за астронаути која му ја носеле од хјуѕстон. Јоже Осели, батлерот на Тито, познат словенски готвач, покрај Тито ги помина последните седум години од неговито животот. За неговата исхрана се грижел се до неговата смрт. 
 
- Ни беше тешко да го гледаме во таа сотојба, беше тоа голема трагедија. Ние бевме покрај него до крај. Не пуштија нас да го испратиме кога го носеа на патологија - опишал во една прилика куварот на Тито. 
 
Тој вели дека Тито  немал посебно барање кога станува збор за храната. 
 
- Ние му сервиравме различно месо, различен прилог, салати, се имаше на менито. Никогаш не му стававаме во чинија. Само еднаш одби да јаде. Му донесовме полжави, а он рече: Ох, не јас не би јадел полжави. А се сеќавам на една анегдота кога Јовака и Тито беа разделени. Таа беше на една сдреса, а тој на друга: Беше една вечер надвор од протоколот. Тој зема нешто мало и му рече на келнерот. „ Испратете и го ова на Јованка“. Беше многу внимателен, тоа беше знак дека не сакаше да прекине со неа, иако некои политичари го притискаа на тоа, вели готвачот.