Бизнис
10. November 2021 - 11:31

За ТЕЦ Осломеј засега обезбедени 130 илјади тони јаглен, ќе се набавува од Косово и од фирма од Берово

За акивирање на ТЕЦ Осломеј договорени 130 илјади тони од планирание 300 илјади. Количините ќе почнат да се транспортираат во земјава од средина на ноември до крајот на јануари. Ќе се набави од Косово и од домашна фирма од Берово.  За останатите 200илјади  тони,  договорите допрва ќе се потпишуваат и ќе биде набавен исто од Косово, вели за Сител директорот на ЕСМ Ковачевски. 

-За да стигнат количините на јаглен од Косово дневно ќе треба да влегувата и по 50 камиони од таму. Транспортот  го обезбедува компанијата од таму со кја е склучен договорот, вели Ковачевски за Сител.

Ковачевски  вели  дека и вториот блок од Рек ќе стартува со работа во недела.  Семта дека   65 милиони евра за санирање на штетите  од енерегетската криза за сега се доволни. Од овие пари ќе се покрјат  9 милиони евра кои ЕСМ ги направи за набавка на струја во изминативе неколку дена и околу  30 милиони евра за покривање на трошоците на Мепсо за  влечењето ан струјата од европската мрежа. Инаку првично за  енерегтската криза беа предвидени 100 милиони евра од Ковид мерките.

Ирена Чачкова