За субвенции аплицирале 55 млекопроизводители од Дебар и Центар Жупа
Шеесеттина млекопроиводители од општините Дебар и Центар Жупа аплицирале за субвениции. Финасиската подршка се однесува за произведено и предадено кравјо и овчо млеко во периодот јануари-април годинава.
- Финансиска подршка за предадено млеко во преработувачки капацитети доставија 55 млекопроизводители, што е за 20 повеќе споредено со претходниот период. За периодот за кој ќе бидат исплатени субвенцииите имаат предадено над 100 тони кравјо и овчо млеко, од кое околу 70 отсто е кравјо. Субвеницирањето е 3,5 денари за литар, изјави Арбен Муладаути овластен раководител на ПЕ на МЗШВ во Дебар, која со својата активност ја покрива и соседната општина,Центар Жупа.
Зголемениот број кооперанти а со тоа и предаденото млеко е резултат на функционирањето на млекарницата „Кораб милк“ во Дебар, која освен кравјо преработува и овчо млеко.
Домаќинствата во општините Дебар и Центар Жупа располагаат со 1.300 грла молзни крави, но сите сопственици не се пријавуваат за субвенции. Повеќето од нив располагаат со помал број грла крави па млекото го продаваат индивидуално.
Сточарите пак располагаат со над 40 илјади грла овци, но повеќето од нив произведуваат бело сирење на традиционален начин,кое е доста барано на пазарот. Стадата овци сега се на бачилата на Стогово,Голема и Мала Мегданица.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот