Македонија
10. October 2019 - 16:40

За Шилегов не е спорно да има кафуле на кровот од ГТЦ, но ќе ја приспита градбата

Скопскиот градоначалник смета дека не е спорно да има кафуле на кровот од ГТЦ но сепак  ќе ја преиспитува градбата за која тој и директорот на ГТЦ имаат различни видувања.

Дали тој  објект е планиран за кафулето или пак за системот за наводнување како што тврди менаџментот на трговскиот, Шилегов не прецизира.

Иако при старт на проектот најави угостителски објект, по острите критики во јавноста  сега тврди дека дозволата е за урбана опрема.

Останува рокот зелениот кров да биде завршен до 13 ноември кога е и празник на градот.