Бизнис
14. July 2021 - 17:10

За шест месеци странските директни инвестиции во вредност од само 100 милиони евра

Над 100 милиони евра се инвестирале во земјава во првата половина од годинава. Од нив, 65 милиони евра се само во развојните зони, велат од Владата. Очекуваат подобри бројки со стабилизирање на економијата втората половина од 2021та.

-Се очекуваат нови 30 договори со странски инвеститори кои ќе вложат над 400 милиони евра, кои ќе отворат 8.500 работни места, изајави Душко Арсовски, портпарол на Владата.

Официјалните податоци на Народната банка пак, кои се однесуваат на првиот квартал покажаа рекрден одлив на странските директни инвестиции. За три месеци беа повлечени 26 милиони евра. Податоците за 2 квартал ќе ги објават крајот на август.  За разлика од кај нас, српскиот премиер Вучич се пофали дека во Србија во првата половина се вложиле 1,7 милијарди евра, што е раст за скоро 20% во споредба со лани.

Прогнозите на Народната банка се дека до крајот на годината странските директни инвестиции ќе надминат 300 милиони евра. Бројки, кои ќе бидат подобри од ланските, кога се вложија  205 милиони евра. Најдобра година за СДИ беше 2018та – тогаш инвестициите достигнаа  над 600 милиини евра.