Бизнис
14. September 2020 - 21:31

За шест месеци македонските граѓани потрошиле рекордни 70 милиони евра на интернет купувања

Во првата половина годинава преку интернет нарачки на домашниот пазар граѓаните потрошиле близу 70 милиони евра, што претставува раст од 113,5% споредено со истиот период лани.

Од Асоцијацијата за е-трговија сметаат дека ова е позитивното искуство што и потрошувачите и компаниите го искусија за време на корона кризата и вонредните услови за живеење.

Македонскиоте граѓани преку интернет најчесто купуваат облека и ИТ производи, плаќаат сметки, но корона кризата високо ги издигна и онлајн нарачките за храна. Очекувањата се дека растот на е-трговијата ќе продолжи со силно темпо.

Во земјава во моментов се активни 1.223 е-продавници, а податоците покажуваат дека секој работен ден во просек се отварале по две нови виртуелни продажни места.