Свет
2. April 2018 - 22:14

За шест дена од Дума евакуирани над 30.000 лица

Во изминативе шест дена над 30.000 го напуштија сирискиот град Дума во реонот на Источна Гута, соопшти вечерва руското Министерство за одбрана.

- Од 28 март местото Дума го напуштија 30.376 лица, се наведува во соопштението.

За безбедноста на конвоите со евакуирани лица од Дума се грижат сириски полицајци под контрола на руски офицери и на сириската Црвена полумесечина. Евакуираните од Дума се префрлени во деловите од северозападната сириска провинција Идлиб, што се под контрола на бунтовниците.

Според Министерството, од почетокот на хуманитарното примирје  во Источна Гута минатиот месец, рускиот Центар за помирување на спротивставените страни организрал евекуација на 154.236 лица од овој реон, кој беше последна бунтовничка енклава во близина на Дамаск.