Балкан
3. September 2017 - 20:35

За седум години од косовско државјанство се откажале 37.823 лица

Косовските граѓани и понатаму во голем број се откажуваат од косовското државјанство,со цел да добијат државјанство на некоја западно европска земја.

Само во првиот квартал од годинава барање да бидат избршани побарале 1.305 косовски граѓани, при што позитивен одговор добиле 1.280 од нив.

- Најголем број од оние кои во периодот јануари-март годинава доставиле барање за бришење од регистарот на државјани се косовски граѓани кои побарале германско државјанство или 1.098 лица,потоа австриско државјанство 138, државјанство на Словенија 27,на Норвешка 15, на Холандија16  на друг држави  11 косовски граѓани.Од нив позитвен одговор или државјани на земјата каде поднесле барање станале 1.280,пишува приштински „Експрес“.

Инаку,од 2009  и заклучно со  2016 година од регистарот на државјани на Косово се избришани 37.823 косовски граѓани по сопствено барање.

Од друга страна мал е бројот на странски граѓани кои аплицирале за косовско државјанство, односно барање доставиле 148, при што позитивен одговор добиле 58 од нив.