Македонија
7. May 2018 - 16:36

За реконструкцијата се уште се преговара

Најавите за реконструкција на Владата, која би ги опфатила Генералниот Секретар Драги Рашковски и министерката за образование Рената Десковска се шпекулации, вели премиерот Заев. Според него топката веќе не е само во рацете на владиното мнозинство, туку во целиот процес активно се вклучени и сите политички партии, кои би биле потенцијални колицициони партнери.

Во однос на најавите дека Министерката за образование Рената Десковска, по реконструкцијата ќе го води ресорот Правда, таа вели дека решенијата ќе бидат познати за недела, до две.

За влез  во кабиентот на Заев се борат двете крила на БЕСА, а за потенцијален коалиционен партнер важи и ДПА. За вечерва е најавено централно претседателство на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, кое располага со тројца пратеници. Засега нема официјална информација дали една од точките на вечерашниот состанок ќе биде можното учество во владата.