Свет
12. May 2016 - 13:34

За речиси две третини Германци исламот не е дел земјата

Нова анкета спроведена од јавниот радиодифузен сервис ВДР покажува дека 60 отсто од Германците не го сметаат исламот за дел од Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Анкетата која е спроведена по јавната дебата за улогата на исламот во земјата откако муслиманството стана една од точките за кои што се судираат умерените и крајно десничарските партии покажува дека само 34 проценти од испитаниците го прифаќааат исламот како составен дел од германската култура и секојдневние. Во земјата во која живеат околу четири милиони муслимани тоа е значително поместување во споредба со 2010 година кога само 47 отсто од граѓаните сметаа дека исламот не треба да биде дел од Германија.

Тогаш 49 проценти од испитаниците се согласија со тогашниот претседател Кристијан Вулф кој изјави дека оваа религија е дел од Германија.

Анимозитетот кон исламот е поголем кај постарите Германци од кои 71 отсто се противат на исламот, додека кај младите луѓе до 34 години половината немаат никаков проблем со оваа религија.

Ситуацијата е најзагрижувачка кај третата по сила партија Алтернатива за Германија која за една година го зголеми својот рејтинг за речиси три пати, па дури 94 проценти од нејзините членови се противат на идејата за исламот како составен дел на германското општество.

Околу 58 отсто од Германците сметаат дека најголемите партии кои што се дел од парламентот не успеваат да се справат со заканите од радикалниот ислам, а околу 72 отсто се плашат од напади од страна на исламски екстремисти.