Loading Video...
Фудбал
24. May 2018 - 19:38

За првпат двојна круна за Шкендија

Фудбалерите на Шкендија по вторпат во својата историја го освоија националниот фудбалски куп откако триумфираа во финалето во Струмица против Пелистер. 

По врнежливо време и тешки услови за игра  новиот фудбалски шампион на Македонија подобар противник и го освоија трофејот со убедлива победа од 3-0.

Во првиот дел љубителите на фудбалот можеа да видат само неколку шанси пред голот на Битолчани а единствената по акцијата на Хасани ја искористи  Муслиу. 

Во вториот дел  Шкендија и понатаму доминира а Пелистер е  немоќен да се спротистави и Ибраими нови предност од 2-0 за тетовскиот тим.   

Третиот погодок за освојувачот на купот беше идентичен како првениот со повторена акција Хасани Муслиу.