Македонија
18. January 2020 - 19:02

За прв пат во своето постоење Општина Конче добива детска градинка

За прв пат во своето постоење Општина Конче добива детска градинка. Проектот е вреден околу пет милиони денари. Градинката  има капацитет за згрижување на педесет деца на возраст од една до шест години. Од локалната самоуправа велат се работело за идеја стара над е од триесет години. Отворањето на градинката било повеќе од потребно и бил еден од главните приоритети кој го посочиле и граѓаните на  општината.

,, Потребите за градинка беа големи во општина Конче. Ова е прва градинка, воопшто не сме имале градинка. Ова е нва можност, еве и ние како локална самоуправа ги збогатуваме нашите институции, значи нудиме дополнителен сервис, услуга кон нашите граѓани. Потребите се големи, да не речам оваа градинка е чекана триесет години.,, вели  Благој Илиец - градоначалниок на општина Конче. 
 Поголемиот дел средствата за изградба на градинката  се  обезбедени преку министерството за труд и социјална политика, а свое  учество на општината.

,, Во изминатите две ипол години навистина си поставивме приоритет да инвестираме силно во детската заштита, особено во руралните средини кои што беа запоставени. Значи моментално инвестираме во 43 објекти за детска заштита. За оваа година е обезбеден буџет од 105 милиони денари, а дополнително обезбедивме и 15 милиони евра од светска банка за изградба на објекти за предучилишно образование и згрижување на деца.,, вели  Санела Шкријељ - дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.

Од општина Конче најавуваат дека новоотворената градинка нема да биде единствениот проект во делот на детската заштита. Следната активност во оваа област ќе биде отворање на центри за ран детски развој во три населени места, Дедино, Ракитец и Долни Липовиќ.