Македонија
7. May 2023 - 19:13

За прв пат владика на Вселенската патријаршија дел од струшката литија

Масовна посетеност на струшката литија. Голем број верници од земјава и странство излегоа да им одадат почит на моштите на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и чудотворната икона на Пресвета Богородица Крнинска. 

Традиционално, молитвената поворка тргна од црквата „Свети Георгиј“ и продолжи низ централното градско подрачје, од другата страна на реката Дрим за прв пат на литијата учествуваше и владика од Веселенската Патријаршија.

Бројните верници со свеќи во рацете се помолија и поклонија пред светите икони.

Зa традиционално литија кoja се одржува ден по големиот христијански празник посветен на Свети Георгиј Победоносец или кај народот познат Ѓурѓовден,  струшката полиција спроведе посебен сообраќаен режим, и поголема безбедност.