Македонија
3. April 2019 - 11:02

За престој во Ученичкиот дом во Куманово можат да конкурираат 120 ученици

Сто и дваесет ученици можат да се запишат во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, согласно објавениот конкурс на   Министерството за образование и наука за прием  на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2019/2020 година. Согласно, објавените критериуми учениците треба да имаат постојано место на живеење на најмалку 25 километри оддалечено од училиштето, да има организиран превоз или пак доколку нема превоз, тогаш оддалеченоста треба да е најмалку десет километри.

-Домот како установа од посебен општествен интерес, обезбедува солидни услови за прием, престој и задолжување на воспитно-образовните и културните потреби на учениците кои одговараат на современите педагошки барања, здравствено – хигиенски стандарди и генерациски потреби. Инаку, домот располага со 120 легла, има современа кујна и трпезарија, во која секојдневно се подготвуваат три свежи оброци, три занимални кои учениците ги користат за учење, за предавања од страна на воспитувачите, за рекреација Исто така, има  клуб-сала, мини сала за спорт, библиотека, работилница и уреден двор, изјави директорката, Љубица Павловски.

Таа најави дека годинава по подолг период ќе се обнови и мебелот, шкафовите, креветите, столовите, гарнитурите за занималните, клуб маси.

-Ова следува по најавата на Владата за подобрување на условите за ученички и студентски стандард. Значи во септември учениците ќе се сместат во подобри услови, изјави Павловски.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора трета и четврта година почнува од 26 јуни,  годинава и трае до први јули. година. Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во прва  година почнува одвтори и трае до деветти јули годинава.