Македонија
28. August 2018 - 17:04

За празникот Голема Богородица, Иванов во Скребатно, Заев во Крива Паланка, Мицкоски во Берово

По повод големиот христијански празник Голема Богородица, претседателот Ѓорѓе Иванов, заедно со своето семејство присуствуваше на црковно – народниот собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во охридското село Скребатно. Тој  на бројните верници присутни на божествената литургија им го честиташе големиот христијански празник и им посака добро здравје, радост и среќа.

И лидерите на двете најголеми партии во земјава СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, големиот православен празник го искористија за средби со граѓаните. Зоран Заев беше во посета на Крива Паланка, додека Христијан Мицковски оствари средба со граѓаните на Берово.  

На пуштањето на современа повеќенаменска сала во општинската зграда на Крива Паланка, премиерот заев истакна дека прекуграничната соработка е еден од столбовите на поддршката во соседските политики на ЕУ, а со овој проект се потврдува посветеноста кон регионот Западен Балкан.

Мицковски пак ги потенцираше егзистенцијални проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани кои живеат во беровскиот регион, и поради кои се поголем број на млади се одлучуваат да ја напуштат овој крај.