Живот
13. December 2018 - 22:37

За празник внесуваме и до 6000 калории, еве како да го спречите тоа

Ова секако е совет од експертите пред празниците.

Голем број луѓе се здебелуваат околу два килограми за време на славите и празниците, но научниците откриле дека редовното мерење и потсетување на некои основни совети во врска со исхраната, може тоа да го спречат.

Експертите од Универзитетот во Бирмингем следеле 272 волонтери за време на празниците и една година претходно. Учесниците претежно биле од жени, со просечна возраст од околу 44 години, а поделени во две групи.

На едната група и биле дадени совети за избегнување од прејадување, и од нив било побарано да се мерат два пати неделно, додека другата група требала вообичаено да се однесува.

Резултатите покажале дека на групата на која не и биле дадени никакви совети имала 370 грама плус од ноември до јануари. Другата група не се здебелила, туку симнала 130 грама.

Истражувачите велат дека на ден празник, луѓето внесуваат и до 6.000 калории што е три пати повеќе од препорачаниот дневен внес.

Некои „интервенции“, како на пример редовното мерење или потсетувањето себе си за количината на храна која ја внесувате, може да ви помогне да не претерате.

Зголемувањето н ателесната тежина за време на празниците не е реткост, а експертите велат дека тие килограми најчесто не се симнуваат подоцна.

Во ред е да се почестите за празниците, но имајте во предвид дека потребни се 33 минути одење за да ги потрошите калориите кои ги внесувате со една чаша вино.