„За правда“ - проект за следење на судските реформи
Со проектот „За правда“ што стартува денеска во Скопје, шест граѓански здруженија ќе ги следат судските реформи и нивното спроведување.
Спроведувањето на реформите во правосудниот систем во Република Македонија е еден од суштествените услови за интеграција во ЕУ, со оглед на тоа дека поглавјето 23 е најзначајното поглавје во процесот на пристапување кон Унијата.
Следењето на реформите и работењето на правосудството е редовна активност на организациите дел од оваа заедничка акција, а нејзина главна цел е зголемено влијание на граѓанските организации врз процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) и зајакнување на независноста и непристрасноста на судството.
Преку остварување на целите на овој проект, граѓаните и другите заинтересирани страни ќе добијат независни, непристрасни и професионални правосудни органи, кои ќе ја гарантираат заштитата на човековите права и слободи и еднаквоста на сите субјекти во државата.
Носители на проектот се Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија, Институтот за човекови права, Институтот за европски политики, Здружението на млади правници на Македонија, Коалицијата сите за правично судење, Центарот за правни истражувања и анализи како партнери, а финансиски е поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација