Бизнис
28. December 2017 - 19:43

За повисок економски раст на Македонија ќе и требаат 2 до 3 години

Македонија дури за две до три години ќе достигне серизони стапки на раст. Дел од експертите се песимисти.

Не веруваат дека следната година домашната економија ќе порасне за 3,2 проценти како што проектира  Владата. Долгорочна стратегија за развој нема- не се утврдени приоритетите по кој треба оваа држава да работи, велат експертите.

Се креираат само краткорочни политики кој на долг рок не можат да дадат ефекти.

Битиќи не очекува  ниту годинава да се заврши со раст на економијата  од 1,6 отсто. За да се оствари оваа стапка смета дека во последниот квартал економијата треба да порасне  над  5 проценти што не е возможно.

Во првиот квартал годинава македонската економија не оставри раст, во вториот влезе во негатива од 1,8 проценти. Во третиот квартал генерираше скромен раст од 0,2 отсто.

Од владата останаа на проекцијата 2017 да се зварши со раст од 1,6 проценти. Додека НБРМ смета дека тој ќе изнесува само 0,5 отсто. Стопансвениците пак стабилизација на состојбата очекуваат дури по  второто тримесечје  од 2018 година.