Бизнис
30. October 2017 - 19:41

За повеќе туристи, Македонија ќе се ребрендира како туристичка дестинација

Рестрани, кафулиња, природни убавини ( планински  езерски места,  културно историски споменици.  За сите овие работи и што е добро да посетат странските туристи кои ќе дојдат во Македонија и додека престојуваат во земјава ќе можат да се информираат преку водич кој ќе им биде достапен бесплатно во хотелите каде ќе бидат сместени. Според туристичките работници  ваквиот прирачник ќе надомести еден јаз што моментално се чуствува во македонскиот туризам

Странските експерти од областа на туризмот порачуваат дека Македонија мора како и досега да продлжи да развива механизми кои ќе помогнат за привлекување прво на туристите од регионот а потоа и оние од другите земји. Со тоа освен што ќе се зголеми бројот на странски  гости, ќе се зголеми и приливот на  девизи.

Според последните податоци на статистиката, во август годинава земјава ја посетиле близу 190 илјади туристи. Во однос на  истиот период лани бројот  на туристи е зголеме за 20 отсто, а бројот на ноќевања за 10 проценти. Најбројни биле гостите од Турција и Холандија. Странците најмногу доаѓаат во главниот град и езерските места.