За подобрување на инфраструктурата Гевгелија потрошила 93 илјади евра
За подобрување на комуналната, патната и урбаната инфраструктура во годината што истекува, општина Гевгелија потрошила околу 57 милиони денари или 93.000 евра, соопштија денеска од Одделението за урбанизам на општина Гевгелија.
Поголемиот дел од средствата односно 40 милиони денари биле наменети за реконструкција и изградба на нови објекти и за реализација на втората фаза од градскиот пазар.
Од Одделението за урбанизам посочуваат дека околу 13 милиони денари во текот на изминатата година биле вложени за реконструкција и изградба на нови патишта, како и за пробивање нови улици во населбата „Караорман“, каде во тек е интензивна изградба на индивидуални станбени објекти.
Во делот на патната инфраструктура беа посочени и вложувањата во изградбата на примарната и секундарната сообраќајна мрежа на автопатната клучка кај Милци и реализацијата на двете линии за атмосферска канализација на улиците ,„Мицо Шаренков“ и „Митко Зафиров“ во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово