Македонија
18. July 2021 - 19:38

За подобра безбедност во сообраќајот засилени контроли на полицијата

Брзина поголема од пропишаната е најчеста причина за сообраќајки во земјава. Секој втор возач ја притиска педалата за гас повеќе од потребното, покажува статистиката на МВР. Во првите шест месеци од годинава, од близу 120 илјади казнети возачи, близу 50 илјади ја пречекориле предвидената брзина на движење. Ваквите бројки, полицијата ги смета за поразителни.

Според дневните извештаи на МВР, само изминатата седмица во земјавата се случиле 14 сообраќајки. Во нив животот го загубиле четири лица. 

Од здружението за намалување на бројот на сообраќајки сметаат дека полициските контроли не треба да се единствена мерка за зголемување на безбедноста. Велат, неопходно е превентивно делување – додаваат дека и книшките и со казнени поени бил метод за поголема свесност кај возачите.

Од полицијата пак велат дека и во следниот период ќе продолжат со контроли на патиштата. Во споредба со ланскиот јули, бројот на жртви бил преполовен.

Освен брзината, најчести прекршоци во сообрааќајот е и управување без возачка дозвола. Во првата половина од годинава, полицијата открила 11 илјади возачи без положен испит.