Живот
22. August 2017 - 14:34

За овој споменик зборува целиот Балкан - Кога ќе го видите долниот дел од фотографијата, ќе ви биде јасно зошто!

Уште еден споменик за кој зборува целиот Балкан.
 
Прво се појави Гордана, чие огорчено семејство својот гнев го претвори во текст на надгробната плоча, потоа Милорад и Вера кои ја имаат една од најчудните фотографии на споменикот, но и непознатиот господин кој решил да ја овековечи својата љубов кон храната на свој начин.
 
И ако мислите дека тука е крајот, спомениците од српските гробишта не го кажале својот последен збор. Новиот споменик за кој се зборува е на баба Анѓа, а тоа е така поради четирите презимиња.
Баба Анѓа најпрво била Рисовиќ, па Ристиќ, следувале Јелиќ и Ивановиќ, а погребана е како Николчиќ. За своите 84 години преживеала се и сешто, вклучувајќи и две светски и Балкански војни, што веројатно е и објаснување за вакавата ситуација на споменикот.