Македонија
1. September 2017 - 14:30

За осум месеци повеќе пожари од цела претходна година во Неготино и Демир Капија

Неготино, 1 септември 2017 (МИА) - За осум месеци се регистрирани повеќе пожари од цела претходна година во Неготино и Демир Капија, информираше денеска Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица. 

- Досега  имаме 101 интервенција, за разлика од лани кога за цела година имавме околу 90 интервенции. Од тоа, околу 71 пожар на отворен простор, 25 пожари на објекти, два кај патнички моторни возила и исто толку на контејнери, како и еден пожар на запалена бандера за електрична струја, соопшти Илиев.

Тој нагласи дека сето е последица на човечко невнимание. Апелираше на совесност, со цел да не се предизвикуваат пожари. Информираше дека помош при гаснењето на пожарите имаат од шумското стопанство.