Македонија
6. March 2021 - 11:52

За организирање прослава во затворен простор кривична пријава за 14 лица од беровско Двориште

За организирање прослава во затворен простор, вкупно 14 лица од село Двориште заработиле кривична пријава од беровската полиција. Во соопштението од полицијата стои дека лицата се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до Основно јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од беровската полиција.

Како што стои во нивното соопштение, пријавените на 13.01.2021 околу 01:00 часот во продавница во с.Двориште организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописи со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.