За околу 30 проценти намален долгот на општина Велес
Велешкиот градоначалник Аце Коцевски на општина Велес денеска на истекот на 100-те дена од преземањето на функцијата информираше дека долгот на општината е намален за околу 30 проценти.
Пред да стапи на функцијата долгот изнесувал 170.276.850 денари или 2.768.729 евра.
- Со домаќинско работење и кратење на сите непродуктивни трошења долгот го намаливме. За три месеци се исплатени 50.038.181 денари или 813.628 евра, односно 29,39 проценти од долгот, појасни Коцевски.
Воедно информира дека затекнатите состојби со превработеноста и неорганизираноста на администрацијата, лошите состојби во ЈКП „Дервен“ лошо се одразиле на хигиената во градот и резултирале со ненавремено отстранување на дефекти,
-Злоупотребите направени од поранешниот претседател на советот со одобрување на поранешниот градоначалник, појасни Коцевски.
Воедно информира и за, како што рече, злоупотребите на неколкумина директори во училиштата, проблемите со огрев и превоз во училиштата, активностите за отстранување на бесправно поставените тезги кај пазарот, проблемот со кучињата скитници, но и за големиот број на инфраструктурни и меѓународни проекти.
- Примопредавањето на функцијата се случи во многу специфичен период, непосредно пред активностите за донесување на програмите и буџетот на општината, на истекот на 2017 година. Затекнатите состојби и проблеми, како и процедурите за носење на буџетот, не оставија многу простор за реализација на конкретни проекти и активности. Особено во услови кога немаме ниту едно ново вработување, а во затекнатата администрација од неразбирливи причини, најголемиот дел од одделенијата се без раководители, појасни Коцевски
Воедно информира дека за краток период успеале да направат анализа на сите состојби, да ги утврдат приоритетните проблеми на граѓаните и да направат визија за идните проекти.
Најави Пречистителната станица со колекторски систем, финансирана од ЕУ како највреден проект во општина Велес во висина од над 20 милиони евра.
Ново на Сител
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
